7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Очајни сме, срцата ни се скршени“ – познат идентитетот на еден од шестемина исчезнати во страшната несреќа во Балтимор

Познат е идентитетот на еден од шестемина членови на градежната екипа, кои паднаа во студените води по страшната несреќа во Балтимор.

Мигел Луна (49) работел во смена на мостот „Френсис Скот Ки“ кога бродот изгубил контрола и предизвикал негово уривање. Тој е татко на шест деца.

„Ни велат само дека треба да чекаме, дека засега не може да ни дадат информации. Се чувствуваме очајно, очајно затоа што нашите срца се скршени, затоа што не знаеме дали има уште спасени. Само чекаме да слушнеме какви било вести“, изјави неговата сопруга Марија дел Кармен Кастелон за „Телемундо 44“.

Конзулатот на Гватемала во Мериленд соопшти дека двајцата исчезнати се државјани на Централна Америка. Не ги именуваа, но рекоа дека конзуларните службеници биле во контакт со властите и им помагале на семејствата.

Официјални лица на Хондурас исто така именуваа државјанин на Централна Америка како еден од исчезнатите работници. Мексиканските власти соопштија дека некои нивни граѓани се водат за исчезнати, но не кажаа колкумина.