9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Застрашувачки, се појавија страшни ВИДЕО снимки

На социјалната мрежа Икс се појавија нови видеа од концертната сала „Crocus City Hall“ во Москва, каде пред два дена се случи терористички напад.

На видеото се гледаат луѓе кои стојат пред концертната сала.

Нешто се случува зад затворената врата и наеднаш се слуша чист звук на автоматска пушка.
Луѓето почнуваат да бегаат Неколку луѓе успеале да се сокријат зад метален столб со надеж дека напаѓачот нема да се движи во тој правец.

Меѓутоа, терорист со автоматска пушка в рака истрчува напред и почнува да убива невини цивили.

Да потсетиме, во петокот на 22 март руската престолнина беше погодена од страшен терористички напад во кој загинаа најмалку 133 лица, а повеќе од 100 беа ранети. Убиени се и три деца.

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС).

Спонзорирано: