18.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Владимир Путин загуби на гласањето во Белград, победи само во Виетнам

Рускиот претседател Владимир Путин го загуби гласањето во Белград, а од сите избирачки места во странство победи само во Виетнам, беше потврдено денеска во соопштението на Руското демократско друштво (РДД), кое функционира во Србија.

Руската Државна изборна комисија во понеделникот ја објави „рекордна“ победа на Владимир Путин откако беа преброени 70 отсто од гласовите, покрај претходно освоените 87,17 отсто, оценувајќи дека тоа е доказ за национално единство.

Според официјално објавените резултати од гласањето во Белград, од 4.726 руски граѓани кои излегле на гласање, само 512 гласале за актуелниот шеф на државата, соопшти организацијата Руско демократско општество.

Најголем број гласови добил кандидатот на партијата Нови луѓе, Владислав Даванков – 3.185 (67 отсто, додека за повеќе од еден кандидат гласале 900 гласачи, со што нивните гласачки ливчиња се неважечки“, се наведува во соопштението.

Официјално објавените резултати од гласањето во Белград, според РДД, приближно се совпаѓаат со резултатите од излезните анкети спроведени од организацијата „Гласајте во странство“, според кои Путин загубил на сите избирачки места во светот, освен во Виетнам, каде што добил 59 отсто од гласовите.

Резултатот на Путин на претседателските избори е последица на изборна кражба, заплашување гласачи, вклучително и во незаконски окупираните делови на Украина, тотална пропаганда и отсуство на алтернативни избори, оценува Руското демократско општество.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Србија од мај минатата година, во тоа време во Србија престојувале речиси 30.000 државјани на Русија, регистрирани врз основа на одобрен привремен престој. Во јуни 2023 година, Центарот за заштита и помош на барателите на азил објави податоци дека 30.000 до 40.000 руски државјани го пријавиле својот престој во Србија.