17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Сараево: ранет е 16-годишен тинејџер

Во Сараево вечерва во близина на Музичкото училиште на улицата Мусе Ќазим Ќатиќ се случило пукање во кое е ранет малолетник (16).

– Во 20 часот и 25 минути во Полициско одделение Стари Град е пријавено дека е употребено огнено оружје – соопштија од полицијата.

– Едно лице се здобило со повреда во пределот на ногата, пренесено е во КЦУС – изјави портпаролката на МВР на КС Мерсиха Новалиќ.

Полицијата е на лице место и врши увид.