14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Попушти рингишпил полн со деца, во последен момент избегната трагедија

Во Луна паркот во Лазаревац дошло до инцидент кога вртелешката на која имало многу деца почнала да пука со голема брзина.

На страницата „192“ на Инстаграм е објавено грозоморно видео на кое се гледа моментот кога рингишпилот почнува да се урива.

– За дел од секундата беше избегната трагедија во Луна паркот во Лазаревац кога вртелешката полна со деца почна да се урива и да се крши. Апелираме до надлежните итно да ја испитаат исправноста на вртелешката и да ги казнат одговорните – се наведува во соопштението.

Не се знае кога и како се случил овој инцидент, ниту дали некое од децата е повредено, со оглед на тоа дека снимањето се прекинува кога вртелешката почнува да се урива.