17.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Донесена е одлука, Русија мора да и врати на Романија повеќе од 90 тони злато

Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција во која се наведува дека Русија треба да и ги врати на Романија златото и другите вредни предмети кои беа пренесени во Москва за време на Првата светска војна.

Ова го соопшти романскиот пратеник Еуген Томац, кој предложи усвојување на резолуцијата со поддршка на Народната банка на Романија. Тој ја поздрави одлуката на европратениците како историска.

– Романија не може и не смее да прифати ништо помалку од враќање на 91,5 тони злато и целото културно богатство – изјави романскиот политичар.

Тој изјави дека иако има мали шанси Русија да го врати златото, „важно е да не се откажуваме“.

Засега Москва не ја коментираше усвоената резолуција.

За време на Првата светска војна, Кралството Романија испрати 91,5 тони злато и инготи во Москва, заедно со накит и културни богатства, како што се уметнички дела.

Златото било конфискувано откако болшевиците ја презеле власта во Русија во 1917 година. Последователните напори на Романија да го врати своето злато беа неуспешни.