14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дел од крилото паднало од авионот за време на летот: Сè почести инциденти со Боинг 737 (фото)

На денешниот лет меѓу Сан Франциско и Медфорд, паднал дел од авионот Боинг 737.

За среќа, авионот успеал безбедно да слета, без никакви последици по патниците и екипажот. На социјалните мрежи беше објавена фотографија на која се гледа дека на авионот му недостасува дел од облогата.

Делот што недостасува е најверојатно со т.н водилката на клапите, односно делот што се користи при извлекување на аеродинамичните површини при слетување и полетување.

Инаку, се работи за Боинг 737-800 стар 25 години. Тој е во флотата на Јунајтед ерлајнс од 2011 година.