16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Франција веќе индиректно учествува во конфликтот во Украина

Франција се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина, таа веќе учествува во конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и додаде дека во таа ситуација Париз станува непријател на Москва.

„Ги читаме изјавите на претседателот на Франција, Емануел Макрон. Фактот дека Русија е непријател на Франција, како што рече Макрон, е навистина очигледен за Франција, бидејќи Париз веќе интервенираше во војната во Украина“, рече Песков, јави ТАСС.

Тој додаде дека Франција „всушност веќе индиректно учествува во војната и судејќи според зборовите на Макрон, таа не прави ништо за да го намали своето учество“.

Спонзорирано: