17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин најави: Ќе распоредиме војска и оружје во близина на границата со Финска

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оваа земја ќе распореди војници и оружје во близина на границата со Финска.

– Немавме војници на финската граница, сега ќе бидат таму. Немаше систем да го уништи, сега ќе се појави таму. Од гледна точка на обезбедување на сопствените национални интереси, ова е апсолутно незначаен чекор – изјави Путин во интервју за агенцијата РИА Новости.

Инаку, Финска стана 31-ва членка на НАТО во април минатата година, додека Шведска се приклучи на алијансата годинава.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неколку наврати истакна дека Путин всушност ја зајакнал Алијансата со инвазијата на Украина.

Москва претходно соопшти дека ќе одговори на проширувањето на одбранбената алијанса во вистинско време и без брзање.

Во интервју за РИА Новости, Путин зборуваше и за употребата на нуклеарно оружје, наведувајќи дека не води сè до нуклеарна војна, туку дека ќе употреби оружје доколку опстанокот на Русија дојде во прашање.

Тој додаде дека доколку САД извршат нуклеарни тестови, Русија би можела да го стори истото.

– Во САД има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото задржување. Затоа, не мислам дека сè води кон нуклеарен конфликт, но ние сме подготвени на тоа. Оружјето е таму за да се користи – рече Путин.

Тој посочи дека „Русија е подготвена да преговара за Украина, но дека овие разговори мора да се засноваат на реалноста“ и на гаранции за Руската Федерација.

Зборувајќи за неодамнешните украински напади врз руските региони, Путин рече дека „не се сомнева оти главната цел била да се нарушат изборите во Русија, односно процесот на изразување на волјата на граѓаните“.

Запрашан за изборите во САД, рускиот претседател одговори:

– Ние не се мешаме на никакви избори. Како што кажав многу пати досега, ќе работиме со секој лидер кој ја има довербата на американскиот народ, американските гласачи.

Спонзорирано: