18.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.mk/Архива
СВЕТ

Убиство во Србија: со дупчалка ѝ го пробол черепот на сопругата

За сторено кривично дело тешко убиство е осомничен 55-годишниот Никола Т. од Нови Сад. „Нова.рс“ неофицијално дознава дека убиецот првин со дупчалка во пределот на главата ја удрил својата 53-годишна сопруга Гордана Т. по што со остриот дел ѝ го пробол черепот.

„Полицијата и итната помош биле повикани од ќерката, која, по пристигнувањето на местото на настанот, се нашла покрај телото на мајка си. Таа само повторила дека тоа го направил татко ѝ“, изјавил извор од истрагата.

Додека полицијата го обезбедувала местото на злосторството, Никола Т. си врзал бетонски блок околу вратот и скокнал од темеринскиот мост. Меѓутоа, полицијата успеала да го извлече од водата и да го спаси.

Убиецот моментно се наоѓа во Клиничкиот центар во Нови Сад, а денеска заедно со кривичната пријава треба да биде пренесен во притвор бидејќи му е одредено задржување до 48 часа.