15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

(Видео) Димитриевиќ: Стефковски продолжува немилосрдно да троши народни пари

„Продолжува немилосрдното трошење народни пари за партиските вработувања на ДПМНЕ. Институциите што се под палката на градоначалникот Стефковски се преплавени со партиски кадри. Над 23 милиони денари се потрошени за вработувања за неполни три години во ЈКП ‘Гази Баба 2007’. Сето ова е поткрепено со фактографски докази“, рече Александар (Саша) Димитриевиќ, координатор на советничката група во Советот на Општина Гази Баба од СДСМ.

„23 милиони денари и тоа како ќе беа добредојдени за осовременување на механизацијата и замената на старите и дотрајани униформи на вработените.

Не е розова состојбата ниту во детската градинка „25 Мај“. И таму се потрошени повеќе од 12 милиони денари, а се подготвува уште едно ненаменско трошење за згрижување на членството на ВМРО-ДПМНЕ. Замислете колку ќе им беше полесно на родителите кога немаше да имаат обврска да трошат екстра пари за нормално функционирање на градинките и доколку овие 200.000 евра беа директно дисперзирани во подобрување на условите за најмладите.

Уште една голема лага на градоначалникот Бобан Стефковски, наместо намалување, имаме сериозно зголемување на сумата за вработувања.
Партијата и Бобан Стефковски, актуелен претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ Гази Баба, се од иста матрица, која парите на граѓаните, наместо на проекти, ги троши за свој лични интереси и партиски вработување“, изјави Димитриевиќ.

Спонзорирано: