17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грета Тунберг го блокира влезот на шведскиот парламентот, полицајци ја однесоа

Шведската полиција употреби сила за да ја отстрани Грета Тунберг и другите климатски активисти, кои денеска повторно го блокираа влезот на шведскиот парламент. Двајца полицајци ја собрале Тунберг и ја одвлекле пред да ја спуштат на земјата на 20-ина метри од влезната врата.

Тунберг и десетици други еколошки активисти вчера почнаа да ги блокираат главните влезови на шведскиот парламент како дел од протестот против политичката неактивност во врска со прашањето за климатската криза. Активистите ја напуштиле локацијата вчера попладне, но се вратиле утрово, пишува „Гардијан“.

21-годишната Тунберг стана заштитно лице на младинскиот климатски активизам. Нејзините протести, кои почнаа во 2018 година пред шведскиот парламент, бргу прераснаа во глобално движење со големи собири на континентите.

Минатата година полицијата ја приведе или ја отстрани од протестите во неколку земји, меѓу кои Шведска, Норвешка и Германија. Британскиот суд ја ослободи минатиот месец од обвиненијата за кршење на јавниот ред кога судијата пресуди дека полицијата нема овластување да ги уапси неа и другите активисти на протестите во Лондон.