13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

МАСИВЕН РУСКИ НАПАД НА ОДЕСА: Украинските воздухопловни сили се бореле со Шахедите час и половина

Во текот на ноќта РУСКИ сили извршија масовен напад со беспилотни летала врз пристанишниот град Одеса, при што беа оштетени инфраструктурата и станбените згради, соопшти утрово Јужната оперативна команда на украинската армија.
Киев Индипендент пишува дека противвоздушната одбрана (АВО) била активна час и половина, одбивајќи ги самоубиствените беспилотни летала Шахид кои летале во бранови.

Се вели дека борбени дронови доаѓале од правец на Црното Море.

– Украинската воздушна одбрана собори десет борбени беспилотни летала во текот на ноќта – соопшти армијата на земјата.

Се наведува дека, според прелиминарните извештаи, во овој напад нема жртви.

Дрон удрил во инфраструктурен објект во Одеса, што предизвикало пожар, но пожарникарите успеале да го локализираат пламенот.

Се наведува дека во нападот биле оштетени административни згради во тој град, а искршени се прозорците на неколку куќи.

Остатоците од соборените дронови паѓале во околината.

Спонзорирано: