27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца малолетници до смрт избодеа жена во Австралија, едниот од нив го признал убиството

Еден од тинејџерите обвинет за убиство на Британка се изјасни за виновен за убиство. 41-годишната Британка Ема Ловел, по потекло од областа Ипсвич, беше избодена до смрт на 26 декември 2022 година за време на кражба во нејзиниот дом во Австралија.

Ловел емигрирала од Ипсвич со ќерките и сопругот Ли, кој исто така бил повреден во нападот. Двајцата тинејџери, кои не се именувани бидејќи во моментот на нападот имале 17 години, се обвинети за четири кривични дела, пишува Би-би-си.

Еден од нив денеска пред Врховниот суд во Бризбејн се изјасни за виновен за кражба, убиство и напад со телесни повреди имајќи предвид дека го повредил и сопругот на жртвата. Тој сега има 18 години, се наоѓа во притвор, а казната ќе му биде изречена во мај. Другиот млад човек сè уште не се изјаснил за виновен.

„Ема го држеше нашето семејство заедно. Таа беше толку убава личност. Сите сме уништени од нејзината загуба. Бесмислено е. Не знам зошто луѓето го прават ова“, изјави Ли веднаш по нападот, според „Скај њуз“.