13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма на небото: Авион полн со патници ненадејно почнал да се спушта, голем број повредени

Над 20 патници се повредени на летот од Сиднеј до Окленд, кога поради технички проблеми авионот ненадејно почнал дасе спушта.

Според локалните медиуми, дури 24 лица побарале медицинска помош.

Станува збор за лет на компанијата LATAM Airlines Group.

„Патниците и кабинскиот екипаж се повредени. Веднаш им е укажана лекарска помош“, соопштија властите.

Еден од патниците изјави за NZ Herald дека почувствувал брзо, ненадејно спуштање додека биле на надморска височина.

Инцидентот се случил околу 16 часот по локално време, а на аеродромот во Оукленд патниците ги чекале пет возила на брза помош.

„Нашите екипи примија 24 пациенти, осум во тешка и 16 во полесна состојба“, соопштија од итната помош, додавајќи дека две лица се пренесени во болница.

Медиумите јавуваат дека се работи за Боинг 787-9 Дримлајнер.

Засега не се знае какви технички проблеми предизвикале откажување на леталото.

Спонзорирано: