16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина собори 33 руски беспилотни летала, Русија уништи 15 над Волгоградската област

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопштија дека синоќа украинските сили собориле 33 беспилотни летала кои Русија ги користела за напад на Украина.

Мета беа југот и источниот дел на Украина, а руските сили лансираа 37 беспилотни летала, една противвоздушна ракета С-300 и две ракети Х-59, според Униан.

Беспилотните летала беа соборени над регионите Кироворад, Одеса, Hерсон, Николаев и Харков.

Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека 15 украински беспилотни летала се уништени над регионот на Волгоград и еден над регионот на Белгород.

Спонзорирано: