18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Контрола на граничната полиција: Му ги провериле панталоните и не можеле да поверуваат што пронашле

Во секое лудило има малку храброст. А со тоа секако може да се согласи и 38-годишниот Калвин Баутиста, кој решил да прошверцува питони преку канадско-американската граница, но бил фатен од граничната полиција.

Станува збор за случај кој се случил на 15 јули 2018 година, чии детали дури сега се откриени.

Баутиста ја преминал границата со три змии скриени во неговите панталони во специјално сошиена преграда сместена на внатрешната страна на бутот.

Според судските документи и изјавата на канцеларијата на американската обвинителка Карла Б. Фридман, тој бил откриен од американските службеници за царина и гранична заштита.

Жител на њујоршкиот кварт Квинс, според документите, купил змии вредни повеќе од 2.500 евра во продавница за рептили.

Увозот на бурмански питони е регулиран со меѓународни договори и американски федерални регулативи кои ги наведуваат како „повредливи за луѓето“.

Бурманскиот питон, една од најголемите змии во светот, е загрозен вид во Азија и е инвазивен во Флорида, каде што е закана за локалните видови.

Баутиста добил една година условна казна и му било наредено да плати 5.000 долари.