24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по братот на Алексеј Навални

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по братот на Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари во затворската колонија „Поларен волк“, пренесуваат медиумите во регионот.

Потерницата по брат му е издадена во момент кога семејството на Навални барало да им биде предадено телото на Алексеј за да може да го погребаат рускиот опозиционер, пренесува „Телеграф“.

Засега не се знае зошто е распишана потерницата по братот на Алексеј.

Медиумите потсетуваат дека во 2022 година веќе беше распишана потерница по Олег Навални кога беше обвинет за учество на протест во Москва поради апсењето на брат му Алексеј.