18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Градоначалникот на Париз: По Олимпијадата, автомобилите нема да можат да ја обиколуваат Ајфеловата кула

ПАРИЗ – По Олимписките игри во 2024 година, автомобилите нема да се вратат во областа околу Ајфеловата кула, изјави денеска градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Таа за весникот Вест Франс повтори дека сака да го спроведе проектот за зазеленување и проширување на пешачките зони меѓу Ајфеловата кула и плоштадот Трокадеро, објави Журнал де Диманш.

Проектот треба да заживее по 11 август, кога е предвидено затворање на Олимписките игри.