17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТЕХНОЛОГИЈА

ММФ: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот

ВАШИНГТОН – Вештачката интелигенција ќе влијае на речиси 40 отсто од работните места ширум светот, заменувајќи некои и дополнувајќи други, па затоа е потребна внимателно избалансирана политика за да се искористи нејзиниот потенцијал, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Таа на блогот на ММФ напиша дека сме на работ на технолошка револуција која би можела да ја зголеми продуктивноста, да го поттикне глобалниот раст и да ги зголеми приходите ширум светот, но посочи дека вештачката интелигенција може да ги замени и работните места и да ја продлабочи нееднаквоста.

Георгиева посочува дека ќе треба да се смисли сет на политики за безбедно да се искористи огромниот потенцијал на вештачката интелигенција за доброто на човештвото.

Спонзорирано: