Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

125 санкционирани возачи изминатиот викенд во Куманово

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 125 возачи.
Од нив, 115 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 4 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 4 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК