17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТВЕСТИ

Пристигна првата реакција на Русија на историската одлука на ЕУ за Украина

Русија во петокот објави дека одлуката на Европската унија да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија е политичка одлука која може да ја дестабилизира Унијата и ја пофали Унгарија што и се спротивставува.

– Преговорите за влез во ЕУ може да траат со години и децении. ЕУ отсекогаш имала строги услови за приклучување и сосема е јасно дека ниту Украина ниту Молдавија не ги исполнуваат критериумите – изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Солидарност со тие земји“
– Јасно е дека тоа е апсолутно политичка одлука, дека ЕУ сакаше да се солидаризира со тие земји. Сепак, ваквите нови членки би можеле да ја дестабилизираат ЕУ, а со оглед на тоа што сме на ист континент, секако дека внимателно го следиме – додаде тој.

Европските лидери на самитот во четвртокот се согласија да ги отворат преговорите со Украина, иако таа моментално е во војна со Русија, која рече дека војната ќе продолжи додека не ги исполни своите цели.

Лидерите го надминаа противењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан со напуштање на салата во моментот кога се гласаше за тој историски чекор, што Песков го коментираше со иронија.

– Тоа е уникатен случај, некој да се чека да излезе на кафе, па да се носат одлуки во негово отсуство – рече тој.

ЕУ, исто така, се согласи Грузија, која како Украина и Молдавија е поранешна советска република, да стане кандидат за членство.

– За наша несреќа, желбата на ЕУ да ја покаже таа политичка волја во голема мера е детерминирана од желбата што е можно повеќе да ја изнервира Русија и да ја антагонизира ЕУ во однос на Русија – рече Песков.

Поради унгарската блокада, на самитот не можеше да се договори за 50 милијарди евра помош за Украина.

– Унгарија има свои интереси и за разлика од многу други земји-членки цврсто ги брани, импресионирани сме од тоа – рече Песков.