7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

„Кинескиот вирус“ веќе помина во Европа?

Една европска земја забележа нагло зголемување на случаите на пневмонија, со симптоми слични на мистериозната пневмонија која беснее меѓу децата во Кина.

Според Дејли Мејл, станува збор за Холандија.

Холандските здравствени експерти велат дека има зачудувачки пораст на бројот на случаи кај децата, при што повеќето случаи се меѓу оние на возраст од пет до 14 години, но има и значително зголемување на бројот на случаи кај деца под четири.

Податоците од надзорот покажуваат дека стапката на болеста, која може да се покаже опасна по живот, е веќе речиси двојно поголема од врвот забележан минатата година. Од август, бројот на случаи на пневмонија кај децата е двојно зголемен.

Застрашувачките снимки што се појавуваат од Кина потсетуваат на сцените во најтемните денови на Ковид и ги прикажуваат здравствените работници во заштитни одела, ракавици и маски како прскаат средства за дезинфекција во училиштата, ходниците и на отворено.

Официјални лица во Пекинг ја отфрлија можноста за нов вирус, инсистирајќи наместо тоа дека порастот на случаите е предизвикан од сезонски болести бидејќи земјата се соочува со првата целосна зима без мерки за коронавирус.

Кога станува збор за Холандија, тамошните експерти одбиваат дефинитивно да ги поврзат овие болести со „кинескиот вирус“, бидејќи во таа европска земја има пораст на бројот на заболени и од коронавирусот и од грипот, а и двете болести можат да доведе до пневмонија.