18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТВЕСТИ

Крвава свадба: Младоженец во Тајланд убил четири лица, меѓу кои и сопругата, а потоа си го одзел животот

Тајландскиот параспортист и поранешен војник Чатуронг Суксук (Чатуронг, 29), ја убил сопругата и уште три лица, а потоа си го одзел животот.

Суксук и Канчана Пачунтхуек се венчаа во саботата во североисточниот дел на Тајланд.

Очевидци наведуваат дека младоженецот ненадејно ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол и ги застрелал сопругата, нејзината 62-годишна мајка и нејзината 38-годишна сестра.

Залутани куршуми погодиле двајца гости кои итно биле пренесени во болница, а еден од нив им подлегнал на раните.

Од полицијата за Би-Би-Си изјавиле дека тој во тоа време бил пијан, но дека се уште не е познат точниот мотив за убиствата.

Додаваат дека младоженецот лани легално купил оружје.

Тајландските медиуми пишуваат дека парот се скарал за време на забавата, а наведуваат и дека Чатуронг бил непријателски настроен поради разликата во годините.

Двојката живееше заедно три години пред да се венчаат.

Инаку, Чатуронг минатата година освои сребрен медал на азискиот параиграм во Индонезија. Тој ја изгубил десната нога додека бил на должност со паравоените пешадиски сили кои патролираат по границите на Тајланд.