20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бил Гејст објави необично видео на Инстаграм: Што прави во канализација

По повод Светскиот ден на тоалетот, на 19 ноември, американскиот милијардер Бил Гејтс се спушти во бриселската канализација за да ја истражи нејзината скриена историја.

Тој објави необично видео на Инстаграм, каде покажа делови од сложениот подземен лавиринт, како и експонати од Музејот за отпадни води.

– Ја истражував скриената историја на бриселската канализација и улогата на отпадните води во глобалното здравје – напиша основачот на Мајкрософт.

Во споменатиот музеј се чуваат експонати и документи кои ја документираат историјата на градскиот систем за отпадна вода, кој завршил во Сена во 1800-тите.

Ова доведе до страшна епидемија на колера, а денес отпадните води се прочистуваат со софистициран систем кој се протега на стотици километри, пренесува NDTV.

Потсетуваме дека Гејтс со години се обидува да ја подигне свеста за санитарните прашања, односно проблемите во светот. Така, во една кампања, пред осум години, пиел прочистена вода од фекална тиња.

Светскиот ден на тоалетот е воспоставен од Обединетите нации за да се поттикне акција за решавање на глобалната санитарна криза.