22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Силен земјотрес во Австралија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди жителите на југозападниот дел на австралиската држава Викторија.

Илјадници луѓе пријавиле дека го почувствувале потресот во раните утрински часови по локално време.

Експертите од Австралискиот геолошки институт соопштија дека земјотресот се случил во 02:11 часот во близина на заливот Аполо, на околу 150 километри од Мелбурн, на длабочина од седум километри, пренесе ААП.

Службите за итни случаи на Викторија соопштија дека нема извештаи за повредени и се чини дека земјотресот предизвикал мала или никаква штета.

Спонзорирано: