20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 65 полицајци повредени во Берлин за време на протестите поради бомбардирањето на Газа

Најмалку 65 полицајци се повредени во текот на ноќта во Берлин за време на протестите поради израелското бомбардирање на Појасот Газа, соопштија германските власти.

Полицајците се „повредени од камења и запалива течност “, објави берлинската полиција на платформата Икс (Твитер).

Портпаролката на полицијата рече дека се уапсени 174 лица, вклучително и 65 кои ќе бидат под истрага.

Митингот започна доцна синоќа во Нојколн, област со голема арапска заедница.
Дневниот весник „Билд“ објави дека на платформата Телеграм биле поканети мажи да го претворат Нојколн во Газа и да запалат сè.

Кога полицијата им нареди на демонстрантите да се разотидат, на улиците беа поставени корпи за отпадоци и барикади, а врз нив беа фрлани камења и пиротехнички средства, поради што полицијата реагираше со водени топови, соопштија властите.