33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху: Израел се обидува да ги минимизира цивилните жртви, Хамас да ги максимизира

Додека Израел се обидува да ги минимизира цивилните жртви, Хамас се обидува да ги максимизира, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во соопштението за печатот пред неговиот состанок со американскиот претседател, Џозеф Бајден.

„Хамас сака да убие што повеќе Израелци и не се грижи за животите на Палестинците“, посочи тој, објави „Тајмс оф Израел“.

„Секој ден тие вршат двојно воено злосторство – ги таргетираат нашите цивили, додека се кријат зад сопствените цивили, се кријат меѓу цивилното население и ги користат како жив штит“, рече Нетанјаху.

Според него, Хамас треба да одговара за сите цивилни жртви.

„Вчера ја видовме цената на ова страшно воено злосторство кога ракета на палестински терорист беше погрешно лансирана и падна врз палестинска болница. Целиот свет со право беше огорчен, но гневот не треба да биде насочен кон Израел, туку кон терористите“, рече Нетанјаху.

Нетанјаху вети дека Израел ќе продолжи да се грижи за цивилното население и ќе соработува со САД. Патот до победата ќе биде долг и тежок, заклучи Нетанјаху и додаде дека „обединети во каузата и со длабоко чувство за правда Израел ќе победи“.