18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: ЕУ се обидува да се дистанцира од Турција, можеме да се одвоиме ако треба

Европската унија се обидува да се дистанцира од Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи го извештајот на Европскиот парламент за Турција за 2022 година и рече дека Анкара ќе ги направи потребните проценки и дека може да се одвои од ЕУ доколку е потребно.

Ердоган зборуваше на прес-конференција во Истанбул пред да замине на состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк следната недела.

Зборувајќи за процесот на пристапување на неговата земја во Европската унија, Ердоган рече дека Анкара ќе ги направи потребните проценки за последните случувања.

– По овие оценки, ако е потребно, можеме да ја напуштиме ЕУ – рече Ердоган.

Коментирајќи го извештајот на Европскиот парламент за Турција за 2022 година, Ердоган рече дека „ЕУ се обидува да се дистанцира од Турција“.

Ердоган се осврна и на процесот на пристапување на Шведска во НАТО, порачувајќи уште еднаш дека земјата мора да ги исполни своите обврски.

– Пред се, Шведска мора да ја исполни својата должност. Не е доволно да се подготви закон, потребно е да се спроведе. Ако дозволат терористите да демонстрираат под заштита на шведската полиција, тоа значи дека не ги исполнуваат своите обврски – рече Ердоган, додавајќи:

– Западот постојано вели „Шведска, Шведска“. Ние велиме дека не можеме да кажеме да или не додека нашиот парламент не одлучи“.

Турција го прошири предлогот за одржување тристрани разговори за азербејџанскиот Карабах, вклучувајќи ги тие две земји и соседна Ерменија, истовремено изразувајќи подготвеност за четиринасочни разговори во кои би била вклучена и Русија, изјави денеска Ердоган.

– Им го пренесовме (Азербејџан и Ерменија) нашиот предлог за трилатерална средба под наше раководство. Покрај трилатералниот пристап, дадовме и квадрилатерален предлог – рече Ердоган.

Тој рече дека се уште нема одговор на тоа, истакнувајќи дека за тоа ќе разговара со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев.