Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Следува значителна промена на времето – Метеоролозите со најнова прогноза, се најавува невреме со град

За време на викендов времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Потоа следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Прогноза за 18.09.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 31°C

Сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. UV=6

Прогноза за 19.09.2023
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 27°C до 32°C

Претпладне сончево, попладне променливо облачно, во северозападните делови со локален пороен дожд и грмежи. UV=6

Прогноза за 20.09.2023
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 32°C

Променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=6

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК