12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Ние работиме на подобар судски систем, а ВМРО-ДПМНЕ доаѓаа на преговори со барања за отворање судски предмети

„Во ниту еден разговор со пратениците сега не се зборувале за судски предмети. Наспроти тоа, кога сме разговарале со ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство и за низа други процеси, секогаш тие барале да се отвораат судски случаи кои сакале да се дискутираат. Затоа и не се договоривме во 2020 година со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи доаѓаа на преговорите со судски предмети кои треба да ги отвориме“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека измените на Кривичниот законик не се донесени со цел да се убеди ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени, туку единствена цел на измените е да се зголеми ефикасноста на судскиот систем и да се зголемат можностите за конфискација.

„Од 2015-16 година наваму се помалку граѓани се плашат од репресијата и заканите на ВМРО-ДПМНЕ и не верувам дека тоа ќе им биде инструмент. Тие треба да се грижат како да ја вратиме довербата во системот, бидејќи ќе продолжат да бидат опозиција и по следните избори. Како да ја вратиме довербата во системот и како да се вклучат во преговарачкиот процес“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се фокусира на тоа, за државата да функционира подобро, а не да бара условување со отворање на судски случаи при сите разговори за важни закони.

Можеби ќе ве интересира

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години се соочуваше со опструкции

ДЕСК

Филипче повика на мобилизација: Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија

ДЕСК

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нуди програма и проекти, додека СДС-ДУИ-Левица излегуваат со најцрната и најмизерната кампања што некогаш Македонија ја видела

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.