Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со европратеници: Европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија.

Фокусот на разговорите беа европската интеграција на земјата, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

На средбата беше разговарано за актуелните состојби и напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските, како и за значењето на продолжувањето на реформите во клучните области поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ.

Заменик претседателот Николоски информираше за конкретните активности што ги презема Владата во насока на унапредување на реформите, зајакнување на институциите и создавање услови за забрзување на европската интеграција.

На средбата беше истакната важноста од континуираниот дијалог со институциите на Европската Унија, како значаен партнер на Македонија во процесот на приближување кон европското семејство.

На средбата беше нотирано дека европската перспектива останува стратешки приоритет за државата, а продолжувањето на отворениот дијалог со европските институции е од особено значење за понатамошниот напредок на земјата.

Средбата претставуваше можност за размена на ставови за актуелните прашања, предизвиците и идните чекори во процесот на европската интеграција.

фото: Министерство за транспорт

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ПРЕД КАФЕТЕРИЈА – Со нож ѝ се заканил на жена додека пиела кафе и ѝ ја одзел чантата

ДЕСК

ГОЛЕМА НОВИНА ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА – Полицајците ќе носат камери, снимките ќе се користат како докази

ДЕСК

МВР СО ЗАСИЛЕНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД УТРЕШНИОТ ПРАЗНИК – Полицијата најавува нулта толеранција за насилство

ДЕСК