Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Каде заврши милијардата евра од унгарскиот заем со кинески пари?

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче, на денешната средба со делегацијата на Сенатот на Француската Република во Собранието, го отвори прашањето во врска со унгарскиот заем од една милијарда евра. Филипче укаѓа дека уште од самиот почеток постоеа информации дека средствата се со кинеско потекло и нема информации каде завршија овие пари и за што точно се потрошени, имајќи предвид дека беа најавувани за локални проекти.

„Ние како опозиција изминатите две години силно реагиравме за еден заем кој што оваа влада го зема уште пред години од Унгарија, за кој што информациите уште тогаш беше дека станува збор за пари кои што се од кинеско потекло, станува збор за една милијарда евра, пари кои што навистина не знаеме каде се сега во буџетот, за што точно се потрошени. Очигледно, иако беа најавувани за некакви локални проекти и во изминатиот период, дури и новата унгарска влада најави истрага за и кредит.“ – рече Филипче.

Филипче посочи дека ваквиот начин на задолжување отвора и пошироки прашања за можно странско влијание во земјата.

„Се поставува прашањето дали се отвора една голема врата за кинеско влијање тука во земјава. Во документите на ЕК за 2026 година, јасно стои дека начинот на набавка, големите инфраструктурни заеми, се огромен ризик од корупција и нетранспарентност. И се укажува дека Европската Унија со Северна Македонија, мора да има целосно усогласени постапки за јавни набавки, транспарентност и посебно за билатералните за билатералните заеми“, рече Филипче.