Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Корумпираните политичари се спремни да лежат затвор, но да ги задржат парите, затоа бараме конфискација

„Довербата во судството може да расте со ефикасни процеси и конфискација што ќе има смисла. Корумпираните политичари може и да одлежат затвор за да ги зачуваат парите. Целта е да се одземат парите, а казните да бидат разумни“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека конфискацијата се врши по закон, а токму тие кои ја спроведуваат барале измени на законите со цел да се овозможат можностите за конфискација.

„Измените на Кривичниот законик не таргетираат, ниту прават амнестија или помилување. Законот има јасна цел, да додефинира некои кривични дела, да го нормализира нивото на казни со европско ниво, по примерот на Словенија и Германија и да ги засили можностите за проширена конфискација“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека досега судиите се мачат да извршат конфискација, а со овие измени се остава можност судството да покаже дека може да функционира.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Овој ребаланс е избор на одговорност пред популизам, стабилност пред финансиска неизвесност и конкретни резултати пред празни ветувања

ДЕСК

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ – Момче осомничено за силување дете под 15 години

ДЕСК