Centar.mk
РЕГИОН

Трагедија во Србија: 15-годишно момче почина по тепачка со врсник; откриени детали

Петнаесетгодишниот Л.Ц. вчера почина во Књажевац, Србија, по расправија со врсник, пренесува „Телеграф“. Според весникот, Љ.П. го удрил со нога во грбот за време на расправијата, при што тој паднал и се здобил со тешка повреда на главата. Инцидентот се случил околу 18 часот.

„Љ.П. го удрил Л.Ц. со нога во грбот, поради што Л.Ц. паднал и се здобил со отворена рана на слепоочницата. Тој починал на самото место како последица на повредата“, изјавил извор за „Блиц“.

Полицијата извршила увид на лице место, а според „Блиц“, против Љ.П. ќе биде покрената постапка за кривично дело предизвикување смрт од небрежност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ПОТВРДИ ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН – Напредува и иницијативата за роаминг без дополнителни трошоци

ДЕСК

ПАТУВАТЕ ЗА ГРЦИЈА? – Штрајкот предизвика откажани летови, траекти и измени во превозот

ДЕСК

СРБИЈА ОТСУСТВУВА ОД САМИТОТ ЕУ–ЗАПАДЕН БАЛКАН – Брисел со разговори за проширувањето

ДЕСК