12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ноќеска трагедија во Хрватска: Тројца загинаа откако ауди се заби во ограда

Тројца мажи загинаа синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот меѓу Ораховац и Гушчеровац, кај Крижевац, соопштија од полициската управа Копривница-Крижевац.

Според информациите на локалните медиуми, несреќата се случила околу 22 часот и 15 минути, на кривината за Меѓа, кога автомобил „ауди А3“ излегол од патот и удрил во оградата на мостот преку каналот.

Делницата од патот е затворена поради увид, а сообраќајот се одвива на патниот правец Гушчеровец – Чрнчевец – Селанец и обратно.