20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Чекаме повик за помош“ Макрон порача дека Франција е подготвена да му помогне на Мароко по разорниот земјотрес

Франција вчера соопшти дека е подготвена да му помогне на Мароко по силниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 2.000 луѓе и дека чека официјално барање за помош.

Франција беше меѓу земјите кои понудија помош вчера, откако земјотресот во петокот ги погоди селата во планините Високиот Атлас, оштетувајќи го и градот Маракеш.

Еден француски државјанин загина, а осум се повредени во земјотресот, соопштија француските власти.