17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
СВЕТ

21-годишник обвинет за тероризам избега од затвор во Лондон, има силни контроли на аеродромите и пристаништата

Поранешниот војник Даниел Абед Калиф избега од затвор во Лондон додека го чекаше судењето за обвиненија за тероризам и кршење на Законот за службените тајни.

21-годишниот осомничен наводно избегал од затворот, кој е еден од најголемите во државата, во камион со храна. Се верува дека работел во кујната и носел готвачка униформа, а се верува дека се држел за ремените на камионот за да избега.

Воведени се дополнителни безбедносни проверки на аеродромот. Британската команда за борба против тероризмот е известена за бегството и се трага по сите аеродроми и пристаништа во Велика Британија.

„Во моментот во сила се дополнителни безбедносни мерки на лондонскиот ‘Гетвик’ и на другите аеродроми и пристаништа во Велика Британија“, изјави портпаролот на аеродромот.

Аеродромот „Хитроу“ исто така предупреди на можноста за подолго чекање за полетувања поради дополнителни проверки, а пристаништето Довер предупреди на одредени доцнења на сообраќајот што ја напуштаат земјата поради засилените проверки.