Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Загина маж од Кратовско, со трактор излетал од патот

Вчера, околу 7.20 часот, во Полициската станица Кратово било пријавено дека во атарот на село Шлегово, Кратовско, трактор „имт“, без регистарски ознаки, со приколка со кумановски регистарски ознаки, управуван од 68-годишниот А. Ј. од село Шлегово, излетал од патот, извести МВР.

„На местото на несреќата возачот А. Ј. починал, а смрт констатирал од лекар од Здравствениот дом во Кратово“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кратово, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

ДЕСК

ДОЖД, МАГЛА И СИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА – Повардарието под налети над 50 км/ч, еве каде ќе врне

ДЕСК

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК