26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Драма во морето: ајкули изгризале катамаран, екипажот едвај се спасил

Три лица, двајца Руси и еден Французин, утринава се спасени од катамаран во Коралното Море во близина на североисточниот брег на Австралија кога бродот бил оштетен во неколку напади на ајкула, соопштија властите.

Сателитски фотографии и видео од австралиската управа за поморска безбедност (АМСА) покажаа дека голем дел од пловилото е откорнат .

АМСА соопшти дека спасувачките екипи одговориле на повикот за помош рано утринава од деветметарскиот катамаран кога бродот се наоѓал на околу 835 километри југоисточно од Кернс во Коралното Море.

Тројцата патници треба да пристигнат во Бризбејн в четврток, соопшти АМСА.