20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

ДРАМА НАД БЕЛГРАД, АВИОН ОД ИСТАНБУЛ ДО ПАРИЗ СЕ ОБИДУВА ДА СЛЕТА: Во низок лет поминал над Срем и Нови Сад!

Луѓето кои го виделе авионот од земја велат дека имал отворени тркала.

Авионот од Истанбул за Париз штотуку принудно се обидува да слета на белградскиот аеродром, јавуваат белграѓани на социјалните мрежи.

Причината не е позната, а авионот претходно, како што се наведува на мрежите, наводно прелетал над Срем и Нови Сад и се враќал во Белград.

Луѓето кои го виделе авионот од земја велат дека имал отворени тркала.

На Инстаграм пишува дека првото принудно слетување на авионот Париз-Истанбул во Белград не успеало и дека авионот го надлетува Белград.