20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Ураганот Идалија ја разори Флорида, без струја речиси половина милион луѓе, има загинати

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 400.000 луѓе останаа без струја поради ураганот Идалија, кој ги погоди американските сојузни држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина, јавува Си-Ен-Ен (Си-Ен-Ен).

Еден човек загина кога врз него паднало дрво во округот Лоундес, Џорџија, изјави шерифот на округот Ешли Полк за Си-Ен-Ен.

Автопатската патрола на Флорида објави дека две лица загинале во сообраќајни несреќи за време на невремето, а гувернерот Рон ДеСантис рече дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Нивото на водата во пристаништето Чарлстон, Јужна Каролина ја надмина прогнозата од 2,6 метри и достигна 2,73 метри, објави метеоролошката служба на платформата Икс

Тоа е петтото највисоко ниво некогаш забележано и е само малку зад вредностите забележани во 2016 година.

Невремето се очекува до вечерва да го зафати поголемиот дел од југоисточниот брег на САД, додека „Идалија“ сега стана тропска бура со брзина до 96 километри на час, соопшти Националната метеоролошка служба.

Метеоролозите најавија дека денеска се очекува поплавување на крајбрежната област во американската држава Северна Каролина.