17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Османи во официјална посета на Индија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Индија.

Покрај средбaта со министерот за надворешни работи на Индија, Субраманјам Џаишанкар, Османи ќе се сретне со потпретседателот на државата, Џагдип Данкар, заменик советникот за национална безбедност на Премиерот, Шри Викрам Мисри, како и со други високи државни претставници.

Целта на посетата е унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Индија, со посебен акцент на можностите за зајакнување на економската соработка и бизнис релациите. Воедно, ќе бидат разменети мислења за актуелните состојби во европскиот континент и Индо – Пацификот, надворешно – политичките приоритети на двете земји, како и актуелни меѓународни прашања и регионални теми.

За време на престојот во Индија, Османи ќе ја посети Калкута, каде ќе оддаде почит на животот и делото на Мајка Тереза. Воедно, во Калкута, Османи ќе се сретне со високи претставници на Западен Бенгал, како и со претседателката на Инвестицискиот Самит на Западен Бенгал, Вандана Јадав.

Спонзорирано: