14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пилоти на Флорида снимија редок временски феномен

Американски пилот снимил редок временски феномен за време на евакуацијата поради ураганот Идалија на Флорида.

Снимката од феноменот познат како Огнот на Свети Илија или Огнот на Свети Елмо беше снимен од пилотите од воздухопловната база МекДил.

Веб-страницата на воздухопловната база објави: „За време на евакуацијата, 50-тиот АРС го сними Огнот на Сент Елмо, временски феномен во кој се создава прозрачна плазма во атмосферското електрично поле“.

Се работи за речиси континуирано слабо до умерено електрично празнење во атмосферата придружено со светлина, кое се забележува на издигнати предмети (громобрани, јарболи, дури и на крилата и пропелерите на авионите).

Се појавува при силни грмотевици кога електричното поле во долниот дел на атмосферата е многу силно.

Спонзорирано: