18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Киев нападнат со дронови и ракети, има мртви, објавија украинските власти

Две лица загинаа од урнатините што паднаа по огромниот удар на руски ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти утринава локалната воена управа.

„Како резултат на урнатините што паднаа во квартот Шевченковски во Киев, според првите извештаи загинаа две лица“, напиша на Телеграм Сергиј Попко, шеф на градската воена управа на Киев, додавајќи: „Киев не доживеал таков силен напад уште од пролетта“.

Попко рече дека неколку групи дронови патувале кон Киев „од различни правци“, а подоцна проектили биле лансирани кон градот од стратешките бомбардери Ту-95МС. Силите за воздушна одбрана уништија повеќе од 20 „непријателски цели“, додаде тој.

Уште едно лице е повредено и добило лекарска помош, додаде тој. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм напиша дека „двајца мртви мажи се пронајдени“ во нестанбена зграда. Тој не прецизираше како загинале и дали станува збор за истите двајца пријавени од воената управа на градот.

Регионалната воена администрација претходно предупреди на ракетен напад и рече дека воздушната одбрана работи. Репортерот на АФП слушнал најмалку три силни експлозии во центарот на Киев околу 5 часот наутро по локално време. Службите за итни случаи беа распоредени и во јужниот кварт, каде што урнатините паднаа врз комерцијална зграда, рече Попко на Телеграм.

Спонзорирано: