23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борељ: Ситуацијата во Габон и Западна Африка е големо прашање за ЕУ

Министрите за одбрана на земјите од Европската унија ќе разговараат за ситуацијата во Габон, изјави во средата високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, додавајќи дека пучот, доколку биде потврден, ќе создаде поголема нестабилност во регионот, пренесува Ројтерс.

Група високи габонски воени офицери се појавија на националната телевизија во раните утрински часови во средата и рекоа дека ја презеле власта, откако изборното тело на земјата објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат.

– Ако тоа се потврди, тоа е уште еден воен удар кој ја зголемува нестабилноста во целиот регион – рече Борељ, говорејќи на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Толедо.

– Целата област, почнувајќи од Централноафриканската Република, потоа Мали, потоа Буркина Фасо, сега Нигер, можеби Габон, е во многу тешка ситуација и секако министрите… мора длабоко да размислат што се случува таму и како можеме да ја подобриме нашата политика во споредба со овие земји – рече тој.

– Ова е големо прашање за Европа – додаде тој.

Знаците за државен удар во Габон доаѓаат само неколку недели откако членовите на претседателската гарда на Нигер ја презедоа власта и инсталираа хунта.

Спонзорирано: