23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион од Милано налетал на силни турбуленции пред слетувањето: повредени 11 лица

Единаесет луѓе на летот на „Делта ерлајнс“ беа пренесени во болница, откако доживеале тешки турбуленции пред да слетаат во Атланта, изјави портпаролот на компанијата за Си-Ен-Ен.

Авионот, кој полетал од Милано, превезувал 151 патник и 14 членови на екипажот, кога до крајот на летот настанале турбуленции, изјави портпаролот на „Делта“.

Меѓу повредените има и патници и членови на екипажот.

Не се знае точниот степен на повредите.

Инцидентот се случил непосредно пред слетувањето на аеродромот во Атланта, каде авионот на крајот безбедно се приземјил.

Спонзорирано: