24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшен судар: 16 лица загинаа во сообраќајна несреќа, 36 се повредени

Шеснаесет лица загинаа рано утринава во судир на автобус и камион во централно Мексико, соопштија претставници на Мексиканскиот институт за миграција ИНМ.

Загинаа 15 Мексиканци и едно лице од Венецуела.

Триесет и шест патници се повредени и пренесени во болница откако автобус се судрил со камион во раните утрински часови, соопштија државните власти на Пуебла.

Меѓу 52-те лица кои патувале со автобус на мексиканскиот автопат имало десет патници од Венецуела, соопшти INM, истакнувајќи дека овие луѓе имале договорено состаноци за да побараат легален влез во САД.

Девет од повредените се од Венецуела.