30.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Тропска бура во Калифорнија, десетици илјади без струја во Лос Анџелес

Тропската бура Хилари предизвика поплави источно и западно од Лос Анџелес. Најмалку 25.000 дома останаа без струја.

Американските медиуми јавуваат за многубројни акции за спас на граѓаните.

Си-ен-ен пишува дека две лица се спасени од каналот на реката Санта Клара, а девет лица се спасени од коритото на реката во близина на мостот во Сан Диего.

Најмалку девет рекорди за врнежи веќе се соборени во Јужна Калифорнија, соопшти Националната метеоролошка служба.

Еден од нив е забележан во центарот на Лос Анџелес, каде што е соборен претходниот рекорд од 1906 година.

Во Ланкастер имаше повеќе дожд отколку што вообичаено паѓа во текот на целиот август.

Рекордни врнежи беа забележани и на Окснард, Сандберг, аеродромот во Лос Анџелес, аеродромот „Боб Хоуп“, аеродромот „Лонг Бич“, аеродромот „Палмдејл“ и аеродромот „Санта Барбара“.