10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Топли ноќи во Црна Гора: Измерена највисока температура во последните 70 години

Според податоците на црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија, денеска во Улцињ се регистрирани 38 степени Целзиусови, што е рекордна температура на воздухот во последните 70 години.

Според податоците на Институтот, претходната ноќ во Бар била најтопла во последните 70 години со речиси 30 степени.

– Температурата во текот на ноќта не се спушти под 28,8 степени, а во 5 часот наутро е забележана 30 степени Целзиусови – соопшти Хидрометеоролошкиот завод.